Креирани од природата, создадени за Вас!

Нашата љубов кон кокосовите чинии започна во 2019 година за време на нашиот престој на Бали.

Бевме воодушевени буквално од сè! Од песочните плажи, егзотичната флора и фауна, храмовите, вулканските кратери, природата, раскошната хиндуистичка архитектура, оризовите полиња, лувак кафето… Но дефинитивно најмногу ни се допадна храната која скоро секогаш беше сервирана во чинии изработени од кокосова кора-нешто што за нас беше доста интересно,ново и невообичаено.

Имавме чувство дека храната сервирана во кокосова чинија беше повкусна! Каде и да се свртевме, што и да правевме, кокосот беше насекаде околу нас и беше дел од целата наша авантура. Од смути сервирано во рачно изработена чаша од кокос, овошје и зеленчук послужено во различни кокосови чинии, свежа кокосова вода, кокосови масла за нега на лицето и телото… Од ден на ден сè повеќе почнавме да забележуваме како локалното население користи рециклирани и природни производи во своето секојдневие. 

Идејата за Cocobuko се роди со желба и амбиција да ги донесеме кокосовите чиниите кај нас во Македонија и да докажеме дека користењето на биоразградливи, еко-пријателски и реупотребливи производи не е само моментален тренд, туку начин на живот. Со една мала чинија сакаме да ви пренесеме дел од нашето патување кое засекогаш ќе остане во нашите срца и да ве потсетиме дека малите нешта можат да доведат до големи промени.
Фокусирајќи се на испораката на нашите чинии, нас и понатаму нè води нашата цел – да успееме заеднички да ја замениме пластиката со природните производи.
Кошничка